Suhib Mohammad Nemed Abed,Gülşen Topçu
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападот извршен од страна на руските авиони во пазарот на горива во регионот Мааратун Насан на периферијата на Идлиб во Сирија, според прелиминарните податоци, откриено дека 25 лица загинаа, а 30 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Тарик Арјан од тимот за цивилна одбрана во изјавата за новинарот на АА рече дека како резултат на нападот од страна на руските авиони во регионот во близина на турската граница на пазарот каде што се тргува горива загинаа 25 лица, а беа повредени 30 други. Арјан додаде дека многумина од силите беа изгорени и куќите и возилата во околината беа оштетени.
Искто така, Сириската мрежа за вести Мубашир (СЛН), која му пропаѓа на опозицијата, најави дека во четирите воздушни напади на руските воени авиони во регионот Мааратун Насан е спроведено масакр. Меѓу другото СЛН нагласи дека во оваа област се наоѓаат само луѓе кои мигрирале од другите региони во околината. И силите на режимот, минатата година во еден напад извршен со кола со експлозивна направа убиле голем број на луѓе.
Русија на 30-ти септември ги започна воздушните напади во Сирија во борбата против ДАЕШ.
И организацијата Sirian Human Rights Watch најави дека во нападите извршени од 30 септември до 1 ноември во Сирија од Русија загинаа 538 лица, 152 од нив се деца, меѓу кои и 60 жени.