AP
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
ОСЛО (АА)- Норвешка одлучи да основа Министерство за миграции и интеграција како одговор на големиот прилив на азилантите во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерна Солберг, премиерот на Норвешка, рече дека бројот на мигранти кои дојдоа во земја доведе до голем притисок на министерот за правосудство Андрес Анундсен. Со формирање на новото министерство неговиот обем на работа ќе биде преполовен. За министерот за миграции и интеграција во среда е именувана Силви Листхауг од десничарската Напредна партија, која е помал партнер во десничарската влада на Норвешка.
Во Норвешка оваа година стаса повеќе од 30 илјади луѓе кои побараа азил,а воглавно дојдоа од Сирија, Авганистан, Ирак и Еритреја.