?????
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ГРЦИЈА (АА) - Веќе втор ден се одржува протест на активистите за човекови права во Грција, во близина на границата со Турција, со која демонстрантите бараат од грчката влада да овозможи слободен премин на миграните низ таа земја, пренесува Anadolu Agency.
Неколку стотици демонстранти допатуваа на грчко-турската граница од градот Орестијада, оддалечен околу 10,5 километри од границата. Тие тврдат дека оградата и полициските патроли на околу 200 километри долгата граница ги присилуваат барателите на азил од Сирија и другите земји, во кои се водат војни, да платат високи суми пари на криумчарите на луѓе, ризикувајќи ги своите животите за да стигнат до Европа по морски пат.
Оваа недела потонаа два брода со мигранти во Егејското Море, при што животот го изгубија најмалку 46 луѓе, меѓу кои над десет деца.
Демострантите извикуваат "Тргнете ги оградите. Отворете ги границите". Планирале, како што велат, со автобуси да отпатуваат до крајот на воената зона вдож граничната линија на која е поставена ограда и до блискиот граничен премин.