САРАЕВО (АА) - Челниците на полициите на Словенија, Македонија, Србија и Грција на денешниот состанок во Брдо близу Крањ одлучија заеднички да ја повикаат Меѓународната организација за миграции (IOM) да подготви проактивен регионален пристап за промоција и поддршка на доброволното враќање на мигрантите, јавува Anadolu Agency (АА).
Во текот на разговорите, сите учесници изразија очекување дека додатните активности кои ќе започнат наскоро во Грција, а кои ќе ги спроведува Фронтекс, ќе имаат позитивно влијание.
Грција вчера побара Фронтекс и државите членки да помогнат во зајакнувањето на контролата на миграциските текови, посебно доаѓањето на островите, низ механизмот за користење. Најавено е дека наскоро ќе започне заедничка операција на границата со Македонија, со цел подобро да се контролира доаѓањето на мигрантите од Грција и продолжувањето на патот преку балканската рута.
Состанокот на високите функционери на четирите полиции на Словенија, Македонија, Србија и Грција, е одржан на покана од директорот на словенечката полиција, Марјан Франк, а поради зголемувањето на миграциите, проблемите со кои се соочуваат сите четири земји во последните неколку години, како и за да се разговара за јакнењето на контролата на границите.
„Европа во последните неколку години, е соочена со големи миграциски притисок. Само оваа година во ЕУ влегле над 1,2 милиони мигранти, воглавно преку двете главни миграциски рути. Без оглед на сите напори, не дојде до пад на приливот на мигранти“, наведено е во текот на состанокот.
Се нагласи дека мигрантите имаат јасна цел а тоа не е нивно останување на подрачјето на Словенија, Македонија, Србија и Грција.
„Значи, улогата на нашите држави, на миграцискиот пат посебно е фокусирана на пружањето основна хуманитарна и медицинска помош, осигурувајќи го при тоа јавниот ред и мир во своите земји и евидентирање на мигрантите кои патуваат низ нашата земја. Доказ за тоа е скоро занемарливиот број на барања за меѓународна заштита во нашите држави“, порачаа високите полициски службеници на Словенија, Македонија, Србија и Грција.
Истакнато е дека поради преоптоварување на „целните земји“ во кои доаѓаат најголем број на мигранти, некои од нив веќе преземаа чекори за прекин на влезот. Поради сите околности, се оценува дека и земјите кои се наоѓаат вдолж рутата на мигрантите се присилени да преземат додатни поединечни мерки кои не претставуваат затворање на границите, но се однесуваат на активности за олеснување и зајакнување на пружањето сигурност на мигрантите и спречување на загрозувањето на хуманитарната состојба.
„Во последните неколку дена евидентиравме пад на бројот на прилив на мигранти, што се припишува на временските услови во Грција, а дел и на заострувањето на запишувања на македонската граница, но тоа не е долгорочна гаранција за реално намалување. Во следните неколку месеци, ќе биде јасно дали ќе дојде до намалување на миграциските текови и значајно ќе влијае на состојбата низ долгорочен договор за заеднички акционен план за соработка во подрачјето на миграциите, кои пред неколку дена го договорија високи официјални лица на ЕУ и Турција“, истакнато е на состанокот.
Претставниците на словенечката, српската, македонската и грчката полиција повикаа на подобра идентификација на мигрантите. Една од опциите за која стана збор е можното воведување на документи кои мигрантот ќе ги користи на целиот свој пат од влегувањето во Европа. За таа идеја Словенија се обиде да добие поширок консензус внатре во ЕУ, а при спроведувањето би соработувал Фронтекс.
Ја истакнаа важноста на точноста на известувањето за мигрантите и капацитетите, што е договорено на состанокот на претседателите на владите на 25-ти октомври, како и нивното спроведување под покровителство на Фронтекс.
Поради константниот пораст на бројот на мигрантите на кои не им е потребна меѓународна заштита, нагласен е понатамошен тек на разговорите за ограничување на миграциите и затворање на границите за мигрантите кои не бараат меѓународна заштита.
Нагласено е дека сè повеќе има луѓе кои размислуваат за можно враќање во сопствената земја или некоја друга земја каде што порано биле сместени.
„Меѓутоа тие немаат ниту средства ниту потребни информации за тоа како да добијат помош во врска со тоа. Сите земји во регионот регулирале одредени облици на соработка со Меѓународната организација за миграции (IOM), која, меѓу другото, има мандат за поддршка на доброволното враќање. Со тоа претставниците на полициите одлучија заеднички да го повикаат IOM за подготовка на проактивниот регионален пристап за промовирање и поддршка на доброволното враќање“, соопштено е по состанокот на челниците на полициите на Словенија, Македонија, Србија и Грција.
За резултатите од состанокот директорот на словенечката полиција ќе го извести својот хрватски колега, кој, за жал, и покрај поканата не присуствуваше на состанокот.
news_share_descriptionsubscription_contact


