AP
06 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека е во текот проверката на сомнителниот објект, кој е пронајден за време на рутинска безбедносна контрола на влезот во Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на германската федерална полиција Торстен Петерс изјави дека поради проверка е затворен главниот влез во кабинетот на канцеларката во Берлин. Тој не сакаше да даде подетални информации за каков објект се работи .
Кабинетот не е евакуиран за време на проверката.
Меркел утринава требаше да одржи редовен состанок на својот кабинет.