Mümin Altaş
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АНКАРА (AA) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу со германската канцеларка Ангела Меркел разговарал телефонски за билатералните односи, бегалската и за кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Кабиенетот на турскиот премиер, Давутоглу и Меркел разговарале синоќа телефонски на барање на Германија.
"Премиерот и канцеларката Меркел разговарале за темите кои ќе бидат изнесени на состанокот на Европскиот совет на 17 декември кој ќе се одржи во Брисел" , наведено е во соопштението.