Hatice Özdemir
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел во врска со бегалската криза, како и за самитот Турција - Европската унија (ЕУ ), јавува Anadolu Agency (АА) .
"Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија дека на самитот Турција и ЕУ, што ќе се одржи в недела, на 29 ноември, ќе се разговара за соработка меѓу Турција и ЕУ и нивните односи во сите аспекти", соопштуваат од турскиот владин кабинет.