Ilgın Karlıdağ
30 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Европската унија и Турција вчера се договорија да го забрзаат процесот за прием на земјата во ЕУ, доколку Анкара преземе чекори за задржување на приливот бегалци кои доаѓаат во Европа.
Поглавјето 17, поврзано за економијата, ќе се отвори на 14-ти декември а безвизното патување за турските граѓани се очекува да се имплементира во окромври 2016 година доколку Анкара исполни одредени критериуми одредени во договорениот план.
Европската унија ќе даде 3 милијадри долари за подмирување на потребите на над 2 милиони сириски бегалци во Турција.
„Овие 3 милиони евра не ѝ се даваат на Турција. (Овој износ) им се дава на сириските бегалци. Најголемата филозофија е делењето на товарот“, рече турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вчера во Брисел.
„Гарантирам дека Турција ќе ги заврши и исполни сите ветувања споменати во заедничкиот акционен план,“ рече Давутоглу.
„Нашата заедничка цел е да се спречат криумчарите со луѓе, да се спречат сите видови криминални активности против бегалците и да се регулира протекот, колку што се може повеќе“, додаде тој.
Зајакнати преговори за прием
Прашањето за Кипар преставува најголема пречка во плановите за прием на Турција, бидејќи неколку поглавја се блокирани од грчко-кипарската администрација.
Од 35-те поглавја кои мора да се завршат со цел земјата да се придружи кон блокот на 28 нации, само 13 од нив се прегледани.
„Решавањето на кипарското прашање е важен чекор“, рече Јункер. „Јас сум оптимист откако го посетив Кипар, нештата се движат во правилна насока“.
Претседателот на турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинчи и лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасиадес, ги продолжија преговорите за повторно обединување на островот по изборот на Акинчи во април.
Преговорите продолжија по двегодишна пауза во февруари 2013 година но сопреа во октомври минатата година по расправата околу минералните истражувања околу островот.