Ilgın Karlıdağ
29 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Пред почетокот на Самитот на лидерите на Европската унија и Турција, турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, изјави дека денешниот состанок со челниците на владите на земјите на ЕУ ќе ѝ даде „нова енергија“ на неговата земја како идна членка на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес е историското јакнење на нашиот процес на пристапување како и одвивањето на разговорите за најголемите достигнувања во Европа“, рече Давутоглу за медиумите пред почетокот на Самитот во Брисел.
„ Денес ќе ја поделиме судбината на нашиот континент, глобалните предизвици во економската криза, исто така и регионалните геополитички предизвици меѓу кои и прашањето за миграциите“, рече турскиот премиер.