Ilgın Karlıdağ
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија и Турција на денешниот Самит во Брисел договорија забрзување на процесот на пристапување на Турција кон ЕУ, доколу Анкара преземе чекори за запирање на протекот на бегалци во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Поглавјето 17 за економските прашања ќе биде отворено на 14 декември како и безвизниот режим за граѓаните на Турција чија имплементација се очекува наредната година. Сето тоа ќе биде исполнето доколку Анкара ги исполни критериумите во договорената мапа на патот.
Европската унија денеска исто така одобри три милијарди евра за да се задоволат потребите на два милиони сириски бегалци кои моментално се во Турција.
"Овие три милијарди евра не и се дадени на Турција. Дадени им се на сириските бегалци. Можам да гарантирам дека Турција ќе ги исполни ветувањата од заедничкиот акционен план. Нашата крајнца цел е да направиме превенција на криумчарењето со луѓето и да ги спречиме сите видови на криминални активности во врска со бегалците“ , рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу на заедничката конференција за медиуми со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.
За време на денешниот Самит, на челницие на ЕУ и Турција, заклучено е како прашањето на Кипар останува главната пречка за пристапувањето на Турција, како и неколку поглавја кои ги блокираше грчката ,кипарската администрација. Од 35-те поглавја кои мораат да бидат имплементирани за да се приклучи Турција на 28-члениот блок, само 13 од нив се испитани.
"Кипар е важен чекор. Многу сум оптимистичен по посетата на Кипар, работите се движат во добра насока“ ,рече Јункер.