Salim Taş
29 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ХАТАЈ (АА) – Карго авионот на Вооружените сили на Република Турција од Хатај во Анкара го префрли мртвото тело на рускиот пилот кој го загуби својот живот при нарушување на турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (АА).
Телото на загинатиот руски пилот доцна синоќа е донесено од Сирија до мртовечницата во Хатај.
Тој денес е префрлен на аеродром и со карго авион е префрлен за Анкара. По преземањето на телото на рускиот пилот од Сирија, синоќа во болницата во Хатај е организирана религиозна церемонија која беше предводена од верскиот лидер на Православната црква во Антакија.
Туркиот премиер Ахмет Давутоглу утрово изјави дека телото на пилотот ќе и биде предадено на Русија.
Руските авиони во почетокот на октомври го нарушија турскиот воздушен простор. Русите тогаш упатија извинување ветувајќи дека дека нема да се случи повторно.
Турција тогаш потврди дека, во согласност со правилата на ангажманот на воздухопловните сили, ќе одговори воено на нарушувањето на нејзиниот воздушен простор.