Ilkay Guder
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
АНКАРА (АА)- Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека е важно претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, да се состанат во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу денеска говореше на конференцијата за новинарите во врска со денешните терористички напади во Дијарбакир, а по повод таа прилика се осврна и на состојбата во врска со Русија.
" Важно е дека нашиот претседател во понеделник во Париз ќе одржи состанок со Путин, се надевам дека ќе дојде до состанокот" рече Давутоглу и додаде дека во вакви ситуации многу е важно каналите на комуникација да се држат отворени.
Давутоглу додаде како случајот на нарушување на воздушниот простор и рушењето на авионот треба да се гледа внатре во својата рамка и не треба да се дозволи тој да се шири на другите области.
Имено, во понеделник, 30 ноември, во главниот град на Франција почнува Самитот на Обединетите нации за климатските промени, на кој ќе присуствуваат и турскиот и рускиот претседател, што од турската страна во повеќе наврати е оценето како можност за средба на двата претседатели.
Потсетуваме, турските воени сили, во вторник, 24 ноември, го соборија рускиот авион СУ-24, поради кршење на турскиот воздушен простор. Иако руските пилоти биле предупредувани десет пати во рок од пет минути, тие не го смениле правецот на летање.
Овој настан значително ги наруши односите помеѓу двете земји.