Kurbani Geyik
04 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БАКУ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу за време на посетата на Баку изјави дека е важно што се состанале министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
"Важно е да е одржан овој состанок. Колку и да се големи проблемите и колку да се зголемат тензиите по изјавите, најважно е функционерите на земјите со долга државничка традиција како што се Турција и Русија се состанат и покажат волја за решение" , рече Давутоглу.
Нагласи дека здравите односи помеѓу Турција и Русија се важни за двете земји, но и за други региони.
"Односите помеѓу Турција и Русија се важни за двете земји но и за Балканот, Кафказ, Централна Азија како и за врзките помеѓу Евроазија и Европа" , истакна Давутоглу, додавајќи дека Турција ќе ги држи отворени патевите на дијалогот со Русија.
"Со Русија патиштата на комуникација ќе продолжиме да ги држиме отворени. Но да се знае, било која земја што ќе и уведе санкции на Турција, последиците од тие санкции уште повеќе ќе ја погодат земјата која ги наметнала санкциите. Затоа сега е време на проблемот да му се пристапи рационално", рече турскиот премиер, изразувајќи надеж дека односите на двете земји повторно ќе бидат продолжени на исправен колосек.