Michael Hernandez
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) – Официјален Вашингтон го повтори повикот кон Москва во рамките на воздушните операции во Сирија да не ги напаѓа позициите на умерената сириска опозиција, туку да изведува напади на упориштата на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повеќе од јасно е дека руските воени сили непрекинато изведуваат операции во Сирија и тоа на позициите на умерената опозиција на територија каде што нема присуство на ДАЕШ“, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Елизабет Трудо.
Истакнувајќи дека САД повторно ја повикуваат Русија своите напори во Сирија да ги насочи на борба против ДАЕШ, Трудо кажа дека во тој случај би бил ценет рускиот придонес во борбата против глобалниот тероризам.
Официјална Москва упорно тврди дека во Сирија своите воздушни напади ги изведува врз позиции на ДАЕШ, но САД и нејзините сојузници ја обвинуваат Русија дека изведува напади на умерената опозиција и ги поддржува силите кои се на страната на режимот на сирискиот претседател Башал ал-Асад.
Според податоците на руското Министрство за одбрана, руските воздушни сили од 30-ти септември до 4-ти ноември извеле 1.631 лет над Сирија и гаѓале вкупно 2.084 мети. Руското Министерство, исто така, соопшти дека руски бомбардери на 20-ти ноември извеле напади и уништиле 190 позиции на ДАЕШ.