A. Eda Ünlü Özen,Kadir Karakuş
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Соединтетите Американски Држави (САД), Барак Обама се сретнаа денес во Париз каде што вчера присуствуваа на Конференцијата за климатските промени (COP21), ЈАВУВА Anadolu Agency (АА).
Како што јави репортерот на АА од Париз, состанокот на Ердоган и Обама е затворен за медиумите, а се очекува двајцата претседатели по состанокот да им се обратат на новинарите.
Американскиот претседател вчера се сретна и со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Планирани се состаноци на претседателот Ердоган и со германската канцеларка Ангела Меркел, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и други лидери.