Murat Ünlü
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција идентификуваше уште еден од напаѓачите кој се разнесе во концертната дворана Батаклан, за време на терористичките напади на 13.ноемвври во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како јавуваат француските медиуми, Фуад Мухамед Агад е третиот напаѓач кој се разнесе за време на концертот во салата Батаклан
Агад живеел во Стразбур, а одредено време поминал во Сирија.
Омер Исмаили Мостефаи (29) и Сами Амимур (28) се порано идентификуваните напаѓачи на концертната сала. Во повеќе терористички напади во Париз, на 13 ноември, загинаа најмалку 130, а ранети се 351 лице. Одговорноста за нападите ја презема терористичката организација ДАЕШ.