АНКАРА (АА) - Освен што режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад купува нафта од терористичката организација ДАЕШ, постои соработка и договор за заедничко користење на инфраструктурата потребна за дистрибуција на природен гас и електрична енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
ДАЕШ со тоа што не го прекинува доводот на гас и елекстрична енергија, иако има можност за тоа, го поддржува продолжувањето на Асадовиот режим.
Оваа соработка им привлече внимание и на турските разузнавачки единици кои ги следеа безбедносните канали на сириската војска.
Како што дознава новинарот на АА од безбедносни извори, на нафтените постројки и на гасоводот во местото Деир ез-Зур, кое е под контрола на ДАЕШ, причинета е поголема материјална штета во текот на руските бомбардирања изведени во втората половина на ноември.
Штета е причинета и на гасоводот на сирискиот режим. За помалку од седум дена режимските сили испратија екипа на тоа подрачје да ја поправи настанатата штета на гасоводот.
Од воениот стожер на единиците на ДАЕШ во местата Серде, Ал-Џафрах и Деир ез-Зур кои се наоѓаат во близина на погоденото подрачје наредено им е да не ја напаѓаат екипата која ќе дојде на тоа подрачје под контрола на ДАЕШ за да поправи штетата на гасоводот.
Овој пример покажува дека и порано постоела слична соработка помеѓу режимот и терористичката организација.
„Доколку отвориме оган (на оние кои ќе го пораваат гасоводот), цела Сирија ќе остане без електрична енергија“ наведено е во предупредувањето и додадено дека „постои договор за поправка на гасоводот потребен за електрична енергија“.
За соработката на ДАЕШ и Асадовиот режим сè повеќе се зборува во јавноста. Така експертот од Институтот за Блискиот Исток од Вашингтон, Зубејр Икбал, изјави дека ниту една земја, освен Сирија, не купува нафта од терористичката организација ДАЕШ. Електричната енергија во Сирија се добива со преработка на природниот гас, за што се потребни исправни гасоводи.
news_share_descriptionsubscription_contact
