Ekip
20 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган потсети вечерва во Истанбул дека во Сирија се убиени 400. 000 невини луѓе и дека 12 милиони луѓе беа приморани да ја ги напуштат своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што рече видливо е дека муслиманите се целна група и порача дека “веќе никој никого не заварува“.
Борбата за власт под изговорот ДАЕШ според зборовите на Ердоган се претвори во трагична игра.
" Секој се претвора. Секој трча да ја преземе улогата. Но мртвите луѓе се стварност. Убиените бебенца, деца, жени и старците се стварност. Стварност се урнатите куќи, училишта, историските објекти. Бомбите се фрлаат поради другите долгови“, истакна Ердоган.
Нагласува дека “теророт нема вера, нација, раса ниту земја“ .
Говорејќи за состојбата во Турција, рече дека во земјата “имаат ПКК, нагуот ПЈД и ЈПГ, како и дека тие се исти, не се разликуваат“ .
"Теророт е терор. Сите се лоши“ , порача Ердоган.