Sefa Mutlu
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со неговиот индонезиски колега Џоко Видодо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Видодо телефонски разговарале за низа билатерални и регионални теми, вклучувајќи ја и соработката на двете земји во борбата против ширењето на коронавирусот.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.