Bojana Stojanovic
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во изминатите 24 часа во Србија од коронавирусот починаа уште 7 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата порасна на 23, јавува Агенција Анадолија (AA).
Директорот на Клиниката за инфективни и тропски заболувања, Горан Стевановиќ, соопшти дека според последните податоци, починале уште 7 лица, а регистрирани се уште 115 позитивни на овој вирус.
До 15 часот денеска, регистрирани се вкупно 900 потврдени случаи на Ковид-19.
Од последниот извештај па до денеска во 15 часот тестирани се примероци на 477 лица, од кои 115 се позитивни и 362 негативни на новиот вид коронавирус.
Во националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 3.561 лице, кои ги исполнуваа критериумите за тестирање.