Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на смртни случаи од коронавирусот се искачи на 9

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар“

Husamedin Gina  | 31.03.2020 - Обновена : 01.04.2020
Северна Македонија: Бројот на смртни случаи од коронавирусот се искачи на 9

СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија починаа уште 2 лица заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар“, се нагласува во соопштението од Министерството за здравство.

Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 9 лица.

Како што соопшти Министерството, починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и прекумерна тежина, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично опструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. 

„Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања и потврдени се 44 нови случаи на коронавирус во земјата“, се нагласува во соопштението на Министерството.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 329 лица.

Новите 44 случаи во последните 24 часа се регистрирани во градовите: Куманово - 23 случаи, Скопје - 11, Тетово - 4, Битола - 3, Струга - 2 и Прилеп - 1.

 Како што информира Министерството, според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје - 175 случаи, Дебар - 47, Куманово - 47, Штип - 14, Тетово - 10, Прилеп - 10, Струга - 7, Велес - 6, Битола - 4, Охрид - 3, Кавадарци - 2 и по еден случај во Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Гевгелија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.