Tevfik Durul
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција испрати телеграма со сочувство до Република Северна Македонија, по повод сообраќајната несреќа што се случи на релацијата Скопје - Тетово, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телеграмата на турското МНР се вели:
„Со тага ја примивме веста дека синоќа, на релацијата Скопје - Тетово, се случила сообраќајна несреќа, во која загинаа 14 лица и има голем број повредени. На семејствата на загинатите и на нашиот братски народ на Македонија им изразуваме сочувство, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“
Синоќа на релацијата Скопје - Тетово се случи тешка сообраќајна несреќа во која се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени.