Admir Fazlagic
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Република Турција во Скопје во своето официјално соопштение по повод актуелните политички збиднувања наведува дека е битно по пат на дијалог, во рамките на демократските правила и владеењето на правото, со фер и транспарентни избори да се изнајде решение на политичката тензија и несогласните видувања кои сеуште траат, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Турција од блиску ги иследи политичките збиднувања во пријателска Република Македонија со која има историски вкоренети врски. Битно е по пат на дијалог, во рамките на демократските правила и владеењето на правото, со фер и транспарентни избори да се изнајде решение на политичката тензија и несогласните видувања кои сеуште траат", се наведува во денешното соопштение на Турската амбасада во Скопје.
Во соопштението се изразува желбата политичките реакции и протести да се одржат во границите на мирот и почитување на правото.
"Во овој склоп, Турција посакува и желбата и е, во оваа убава земја каде и нашите сонародници живеат како граѓани кои ги почитуваат законите, политичките реакции и протести да се одржат во границите на мирот и почитување на правото, сите институции и лица да не дозволат никакви обиди за насилства, на изборите кои ќе се одржат соодветно на демократските правила и принципи на правдата, да се почитува изборот на народот на Македонија, како и сочувување на спокојот и мирот" , пишува во соопштението.