Besar Ademi
29 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Во вечерните часови ситуацијата со заглавените мигранти на македонската јужна граница е мирна. Претходно, во текот на попладневните часови, 18 припадници на полициските сили беа повредени откако неколку групи на мигранти од грчка страна фрлаше камења кон македонските полицајци обидувајќи се насилно да ја минат границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес припадниците на Армијата на Република Македонија, ставија жица со должина од 2,5 метри со цел да делуваат превентивно, за да се спречат инцидентите со мигрантите кои поставиле шатори на самата гранична линија помеѓу Македонија и Грција и не прифaќаа да се враќаат во своите земји.
Одлуката за ставење оградата беше донесена од страна на владинто Координативно тело за справување со бегалската криза.
Пред две недели Советот за национална безбедност на Република Македонија по своето заседавање ја задолжи АРМ веднаш да ги започне подготвителните активности за подгорвување за постаавување ограда како евентуална мерка.
Според претседателот Ѓорге Иванов, поставувањето на оградата не значи затворање на границата, туку само мерка за оганичување на бројот на мигрантите кои ќе бидат прифатени од страна на европските земји.
Од минатата недела,македонската јужна граница ја поминуваат државјаните коишто доаѓаат од военитте боишта, Сирија, Авганистан, Ирак, додека на оние од кои доаѓаат од земјите во кои нема воени конфликти не им се дозволува поминување на границата и влез во територијата на Македонија.
Безбедносни мерки се зголемени како резултат на терористички напади во Париз, на 13 ноември, поради тоа што беа потврдени два бомбардери кои се движеле со маска на бегалци во Европа преку Грција.