Admir Fazlagic
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Договорот помеѓу ЕУ-Турција, заедно со заострената гранична политика применувана од страна на Република Македонија на нејзината граница со Грција и новите операции на НАТО во Авганистан, доведоа до значајно намалување на бројот на мигрантите кои пристигнаа на грчките острови во март. Вкупниот број на мигранти фатени при премин на надворешните граници на ЕУ во источниот Медитеран во март достигна до 26.460, што е половина од бројката забележана во февруари месец оваа година, соопшти граничната служба на ЕУ Фронтекс, јавува Anadolu Agency (AA).
"Откако Македонија значајно го намали бројот на мигранти на грчко-македонската граница, бројот на нелегални преминувања на надворешните граници на ЕУ во западен Балкан во март е намален за 90% во споредба со претходниот месец", соопшти Фронтекс.
Во соопштението на Фронтекс се наведува дека во склоп со договорот помеѓу ЕУ-Турција, склучен од страна на Европскиот совет на 17/18 март, Грција изјави дека повеќето мигранти кои после 20 март пристигнат на островите ќе бидат вратени во Турција. Во последните 11 дена од март околу 3.500 бегалци ристигнаа во Грција. Ова се споредува со случајот на 22.900 лица кои во рок од 1-20 март беа фатени како нелегално ја преминуваат границата на грчките острови и остатокот од рутата на источниот Медитеран. Сепак, бројот на бегалци во март 2016 година е три пати поголем од бројот од предходната година.
“Иако временските услови одиграа голема улога во бројот на пристигнувања на островите на Егејското море, опаѓањето на бројот на бегалци продолжи и во април. Во првата половина на овој месец, во просек, имаше помалку од 100 пристигнувања на ден”, изјави извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери.
"Сеуште е рано, но првичните индикации се дека брагодарејќи на низата на неодамнешни иницијативи преземени од страна на Комисијата, Грција, Турција и агенциите на ЕУ бевме во можност да ја подобриме контролата над надворешните граници и подобро да се справиме со миграциониот тек, на порационален и фер начин", додаде Легери.
Во април, Фронтекс и помогна на Грција при транспорт на 325 мигранти во Турција. Сиријците, Авганистаните и Иранчаните го покрија најголемиот број на мигранти пристигнати на грчките острови.
- Централен Медитеран
Во меѓувреме, се наведува во соопштението, подобрените временски услови во централен Медитеран доведоа до дуплирање на бројот на бегалците во однос на бројот во февруари. Вкупниот број во март достигна до околу 9600 мигранти во споредба со истиот месец минатата година чиј број беше 2,283 мигранти. Речиси сите мигранти фатени на оваа рута се од супсахарска Африка, најчесто по националност од Нигерија, Сомалија и Гамбија.
Нема никакви знаци на мигранти од другите рути особено од источен во централен Медитеран. Сите овие податоци се однесуваат на бројот на нелегални преминувања на надворешните граници на ЕУ од страна на мигрантите. Едно исто лице може неколку пати да се обиде нелегално да ја премине границата на различни локации од истата, се нотира во соопштението на Фронтекс.