Aynur Ekiz
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека со длабока жалост дознале за сообраќајната несреќа и упати сочувство до граѓаните на Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според добиените информации, Ердоган во врска со вчерашната несреќа во Северна Македонија, истакна дека со тага ја примил веста за несреќа во која загинаа 14 лица, додека над 30 лица се повредени.
Ердоган упати сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Северна Македонија, а на повредените им посака брзо заздравување.
Потсетуваме, патнички автобус вчера излета од Автопатот Скопје - Тетово и се преврте во близина на селото Ласкарци на излезот од Скопје кон Тетово.