Burcu Çalık,Aynur Ekiz
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ИЗМИР (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес во западниот турски град Измир изјави дека на претседателските и парламентарните избори на 24 јуни очекува рекорден број на гласови, а со тоа и влез во историјата на турската политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Измир, а во фокус на неговото обраќање беа предвремените претседателски и парламентарни избори, кои во оваа земја ќе бидат одржани на 24 јуни.
„Уверен сум дека на 24 јуни, како на претседателските и парламентарните избори, по бројот на гласовите ќе оствариме рекорд и така ќе влеземе во историјата на политиката во нашата земја“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека секои избори АК Партијата ја претставуваат испит пред турскиот народ, но истовремено претставуваат и испит за партијата.
Ердоган изнесе остри критики на сметка на лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, поради неговите ставови за обидот за пуч во Турција кој беше извршен на 15 јули 2016 година.
Лицето претходно зборуваше, кога би дошло до пуч јас прв би се спротиставил на тенковите, а тогаш во придружба на тенковите тргна од аеродромот. Секако, тој сега тоа го негира. Можеш да негираш колку сакаш, но ти си во сите документи, на сите телевизиски снимки. Ти не си противник на пучот, туку пучист, порача Ердоган, и додаде:
„ЏХП денес стана труба на ФЕТО, за кое правосудството потврди дека е терористичка организација. ЏХП не се задржа само на тоа, постанаа портпароло на сите терористички организации кои го напаѓаат нашиот народ, од ПКК до ПЈД“.