Bekir Ömer Fansa
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
АДАНА (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ изведена во Адана, јужна Турција, приведени се десет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските тимови за борба против тероризмот во Адана започнаа акција против припадници на ДЕАШ, осомничени дека подготвуваат терористички активности за 1-ви мај.
Во акцијата изведена во центарот на градот, приведени се четворица државјани на Турција и шест државјани на Сирија.
Осомничените лица се предадени на надлежните органи.