Турција

Чавушоглу: „Пиратите што го киднапираа турскиот екипаж на бродот не воспоставија контакт“

„Пиратите не воспоставија контакт ни со семејствата на членовите на посадата, ниту со нас, ниту со официјалните претставници на компанијата“, изјави Чавушоглу

Muhammet Emin Avundukluoğlu  | 25.01.2021 - Обновена : 26.01.2021
Чавушоглу: „Пиратите што го киднапираа турскиот екипаж на бродот не воспоставија контакт“ Фото: Evrim Aydın/AA

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека пиратите што ги киднапирале членовите на турската посада од товарниот брод пред Гвинејскиот Залив, во близина на Нигерија, не воспоставиле никаков контакт, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Пиратите не воспоставија контакт ни со семејствата на членовите на посадата, ниту со нас, ниту со официјалните претставници на компанијата“, изјави Чавушоглу.

Министерот констатираше дека Анкара внимателно го следи развојот на настаните, додавајќи:

„Се надеваме дека ќе ги спасиме нашите граѓани и ќе ги доведеме во земјата.“

Тој, исто така, нагласи дека Турција ги пружила потребните информации за инцидентот.

„Во контакт сме со соседните земји. Сите вложуваат големи напори. Компанијата, која е сопственик на бродот, исто така ги заврши сите потребни работи за подготовка“, изјави тој.

Чавушоглу изјави дека инцидентот би требало да биде лекција за земјите и компаниите во регионот да ги преземат потребните мерки.

Товарниот брод „Моцарт“ под знамето на Либерија се усидри во неделата во 11 часот во габонски Порт Жантил.

Во саботниот пиратски напад, од 19 или 20 членови на посадата, 15 се киднапирани, а тројца останаа со пиратите, а сите се наводно турски државјани. Еден член на посадата, азербејџански државјанин, е убиен. И понатаму не е познато колку преживеани членови на посадата би можеле да бидат на товарниот брод.

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека телото на азербејџанскиот член на посадата, кој е убиен за време на инцидентот, било превезено во Азербејџан со авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“.

Чавушоглу, исто така, им се заблагодари на властите на Габон за блиската соработка со Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.