Турција

Турција: Туристите, љубители на скијањето, уживаат во прекрасниот поглед од врвот на планината Артос

„Времето е прекрасно, снегот е неверојатен. Се чувствувавме како да сме во Норвешка. На планината се искачувавме 4 часа. Пред да се искачиме, ја одредуваме нашата рута на картата, внимавајќи да не минуваме низ многу ризични места.“

Necat Hazar  | 25.01.2021 - Обновена : 29.01.2021
Турција: Туристите, љубители на скијањето, уживаат во прекрасниот поглед од врвот на планината Артос Фото: Jules Dutour/AA

ВАН (АА) - НЕЏАТ ХАЗАР -

Туристите, кои се искачија на врвот на планината Артос со надморска височина од 3.550 метри во областа Геваш во источната турска област Ван, беа воодушевени од глетката што ја нудат природните патеки на снежните падини на планината и погледот на езерото Ван, пишува Агенција Анадолија (АА).

Љубителите на скијањето, Французинката Кларис Бoван и Швајцарецот Жул Дутур, со својот трејлер тргнаа на патување за да скијаат на скоро 400 различни локации во повеќе земји од светот земји, меѓу кои е и Турција.

Двајцата пријатели коишто за период од околу една година посетиле 14 земји скијајќи на повеќе планини со различни височини, во декември пристигнаа во Турција заедно со Антоан Кретино и Луси Жинет со кои се запознале во Грција.

Овие четворица туристи авантуристи, кои по посетата на повеќе места пристигнаа во Ван, решија да се искачат на врвот од планината Артос, висока 3.550 метри, лоцирана во областа Геваш, каде што има повеќе метри наноси од снег.

Туристите, кои стигнаа на врвот по околу 4,5 часа тешко искачување, со кратки паузи, се спуштија скијајќи слалом по стрмните падини на планината.

- „Се чувствувавме како да сме во Норвешка“ -

Жул Дутур, еден од туристите, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека едно од најубавите и најпријатни скијачки искуства го имале во Ван.

Објаснувајќи дека посетата на планината Артос ја утврдиле за време на нивното истражување додека ја планирале скијачката турнеја, Дутур рече:

„Тука додека скијавме се чувствувавме како да сме во Норвешка. Многу е убаво чувството да се скијате наспроти прекрасната глетка што од планината Артос ја имате на езерото Ван. Не постои таква можност на друго место во светот. Има многу убав снег и прекрасно време. Ова место го најдовме додека истражувавме каде би скијале, каде би доживеале адреналин. Во Турција дојдовме на почетокот на декември од Грција. Во Турција ќе останеме 3 месеци и ќе ги посетиме сите планини на кои може да се скија.“

Од друга страна, Луси Жинет изјави дека скијањето наспроти уникатниот поглед на езерото Ван од планината Артос претставува убав момент за нив.

Наведувајќи дека тајмингот е добар, како што не очекувале, Жинет продолжи со зборовите:

„Времето е прекрасно, снегот е неверојатен. Се чувствувавме како да сме во Норвешка. На планината се искачувавме 4 часа. Пред да се искачиме, ја одредуваме нашата рута на картата, внимавајќи да не минуваме низ многу ризични места.“

Антоан Кретино, исто така, рече дека во секое место што го посетиле во Турција биле многу добро пречекани и додаде:

„Луѓето тука се многу пријателски настроени. Додека се искачувавме на Артос, децата од селото што го поминавме покажаа голем интерес за нас. Скијавме заедно со нив и им ја објаснивме нашата опрема. Иако не го зборуваат нашиот јазик, тие постојано се обидуваа да кажат нешто и да споделат нешто со нас. Овие наши авантури ги споделуваме на нашите профили на социјалните мрежи.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.