Gorana Jakovljevic
26 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
КУШАДАСИ
Инструктори за нуркање уживаа во истражувањето на подводниот свет во турската туристичка дестинација Кушадаси во провинцијата Ајдин, известува Агенција Анадолија (АА).
Ова подрачје е вистински рај за професионалните нуркачи, но и за оние што никогаш не нуркале, а имаат желба да ги разгледаат убавините на подводниот свет.
Пештерите и крајбрежјето, како и специфичниот екосистем, секоја година привлекуваат голем број туристи во ова подрачје, кои со нуркање го надополнуваат годишниот одмор.