Gökhan Gücüklüoğlu
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
СИНОП (АА) - Министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција, Адил Караисмаилоглу, во врска со бродот што во Гвинејскиот Залив, во близина на Нигерија, го нападнаа пирати, рече дека внимателно го следат случајот и дека во најбрз можен рок ќе ги ослободат државјаните од разбојниците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Караисмаилоглу престојува во посета на Синоп, каде што одговараше на прашањата на медиумите по посетата на Канцеларијата на гувернерот. Тој се состана и со Мурат Аксан, таткото на Ведат Аксан, кој е меѓу заробените на бродот.
Министерот порача дека државата е секогаш со своите граѓани.
„Се надеваме дека наскоро ќе успееме да ги споиме чичко Мурат и неговиот син“, рече Караисмаилоглу.
Тој додаде дека внимателно го следат овој случај.
„Се надеваме дека наскоро ќе се реши. Ние работиме посветено. Во постојан контакт сме со Министерството за надворешни работи. Нашата цел е да го обединиме синот со таткото Мурат. Турската држава е со нив. Во најкраток можен рок ќе ги спасиме нашите државјани од овие разбојници“, рече Караисмаилоглу.