Muhammed Enes Çallı
23 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот мотоциклист Топрак Разгатлиоглу во недела во Јапонија ќе се натпреварува на финалето на Светското првенство на издржливост организирано од страна на Светската мотоциклистичка федерација (FIM), јавува Anadolu Agency (AA).
„Разгатлиоглу ќе стане првиот турски возач кој се натпреварува во Сузука 8 часа“, се вели од турската Федерација на мотоциклисти.
„Сузука 8 часа“ е мотоциклистичка трка на издржливост, која од 1978 година навака се одржува секоја година во Сузука, Јапонија.
Британските мотоциклисти Џонатан Реа и Леон Хаслам ќе бидат партнери на Топрак Разгатлиоглу во тркачкиот тим Кавасаки.
Топрак Разгатлиоглу во среда и четврток ќе учествува на тест-трките со мотоциклот „Kawasaki ZX-10RR“, а во петок ќе учествува во квалификациите за поплозициите.
Квалификациската фаза ќе ги одреди позициите на тркачите во неделното финале.
Четириесет и второто издание на „Сузука 8 часа“ ќе се одржи на патеката „Сузука“ во недела на 28 јули.