Nilay Kar
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турција разви нова муниција за автоматски далекометни фрлачи на гранати за употреба во антитерористичките операции, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната компанија за машинска и хемиска индустрија (МКЕК) изработи муниција за фрлач на гранати, МР78-HЕ, за Турските вооружени сили (TSK).
Муницијата, која ќе се користи за фрлачот на гранати МК-19, 40-милиметарски автоматски фрлач на гранати (AGL), уништува простор со дијаметар од 10 метри со испален оган од оддалеченост од 2.000 метри.
Муницијата е со моќност да ги уништи терористичките елементи во асиметрични воени услови и во урбана војна. Исто така, може да се користи и при напад.
Моментално, Турската армија ги користи автоматските фрлачи на гранати MK-1 во тековните антитерористички операции. Воедно, во употреба е и муницијата со краток дострел.
Почетокот на сериското производство на новата муниција е планирано за месец јуни, додека процесот за сертифицирање е во тек.