Gökhan Ergöçün
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак, денес изјави дека Турција ги постигнала речиси сите цели до крајот на 2018 година, и тоа на подобар начин од очекуваното, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ја завршивме 2018 година со стапка на инфлација од 20,3 отсто, што е под целта која беше 20,8 отсто. Ова е позитивен процес“, изјави Албајрак, зборувајќи на јавниот телевизиски канал „TRT Haber“.
Тој истакна дека Турција ќе покаже посилни достигнувања во буџетот од 2019 година во однос на трошоците и приходите.
„Турската Влада донесе речиси 6,5 тони злато во економијата на земјата со издадени обврзници поддржани со злато“, нагласи тој.
Во врска со одлуката на Централната банка за каматната стапка, Албајрак изјави дека банката ги презема потребните чекори со набљудување на пазарот.
На 16 јануари банката ќе го одржи првиот состанок на Комисијата за монетарна политика од 2019 година, со која ќе се утврдат каматните стапки.