Merve Berker
20 Ноември 2026•Ажурирано: 20 Ноември 2026
Турскиот брод за сондажа „Оруч Реис“ пристигна во Пакистан за својата втора интерконтинентална мисија, по операциите покрај брегот на Сомалија, соопшти денес директорот за комуникации Бурханетин Дуран, пренесува Анадолу.
Дуран на турската платформа за социјални медиуми НСосијал изјави дека бродот ќе врши геофизички истражувања и ќе собира 2Д и 3Д-податоци за структурата на морското дно во две одделни области во пакистанските води.
Бродот, кој претходно извршуваше истражувачки активности во турските поморски зони и покрај брегот на Сомалија, е долг 86,9 метри и широк 22,9 метри.
Дуран рече дека „Оруч Реис“, опремен со напредна технологија, динамичен систем за позиционирање и софистицирани можности за геофизички истражувања, го демонстрира инженерскиот и технолошкиот капацитет на Турција во истражувањето на енергенти.
Тој нагласи дека Турција продолжува да ги проширува своите национални капацитети во нови региони, а воедно ја зајакнува стратегиската соработка со земјите партнери.
„Под водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, продолжуваме да ја зајакнуваме нашата стратегиска соработка со пријателските и братски земји, а воедно ги носиме нашите национални капацитети во нови географски подрачја во согласност со нашата цел за енергетска независност“, рече Дуран.
Тој, исто така, му посака на екипажот на бродот успех во неговата нова мисија и им се заблагодари на оние кои беа вклучени во проектот.