Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Во Сенегал отворен Меѓународен саем за ракотворби, Турција почесен гостин

На штандот на Турција, која е почесен гостин на саемот, прикажани се традиционалните турски уметности, како што се Ебру, орнаменти, графика, традиционална ткаенина и везење
Alaattin Doğru
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
Во Сенегал отворен Меѓународен саем за ракотворби, Турција почесен гостин

ДАКАР (АА) – Во Сенегал се одржува Меѓународен саем за ракотворби на кој Турција е почесен гостин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Меѓународниот саем за ракотворби кој се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Diamniadio“ на 40 километри од главниот град Дакар, го отвори претседателот Меки Сал.

Сал, на отворањето истакна дека односите меѓу Турција и Сенегал се на одлично ниво и изрази задоволство од тоа што Турција е почесен гостин на саемот.

Наведувајќи дека со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаат посебно пријателство, Сал рече дека тоа позитивно влијае на односите меѓу двете земји.

Сал, посетувајќи го штандот на Турција, се заинтересира за традиционалната турска уметност Ебру и разгледуваше како се прави тоа.

Рахман Нурдун, заменик-претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), истакна дека Турција и Сенегал имаат добри односи.

Нурдун, истакнувајќи дека проектите за соработка во областа на културата и туризмот дополнително ќе ги зајакнат односите помеѓу двете земји, рече: „Од срце верувам дека ќе воспоставиме цврста врска од која нашите земји ќе имаат обострана корист и заедничка добивка.“

На саемот каде што свои штандови имаат Институтот „Јунус Емре“, Фондацијата „Маариф“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), учествува и Несрин Дуран, како претставничка за Министерството за култура и туризам на Турција.

Несрин Дуран, во изјава за АА рече дека работи со турски традиционални ракотворби и дека тука на саемот се наоѓа за да ги промовира низ многу делови во светот.

На штандот на Турција, која е почесен гостин на саемот, прикажани се традиционалните турски уметности, како што се Ебру, орнаменти, графика, традиционална ткаенина и везење.

Саемот, кој привлече големо внимание, ќе биде отворен до 10 март.


related_topics:
ТурцијаСенегалРакотворби
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Чавушоглу ја критикуваше Грција поради прекршување на меѓународното право

Чавушоглу ја критикуваше Грција поради прекршување на меѓународното право

Следно

ОН: „Грција нема правна основа за суспендирање на барањата за азил“

ОН: „Грција нема правна основа за суспендирање на барањата за азил“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Турција го повика рускиот дипломатски претставник поради соборувањето на воениот авион

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи