Bayram Altuğ
06 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) соопшти дека суспензијата на постапките за барање азил на мигрантите од страна на Грција, немаат правна основа според меѓународното право, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпарололката на УНЦХР, Лиз Тросел, на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на ОН во Женева, одговори на прашањето на дописникот на АА за отворањето оган од страна на грчките сили врз мигрантите и за убиените тројца мигранти.
„Не сме присутни ниту на границата на Грција, ниту на Турција, но секако имаме извештаи за тоа што се случи и што се случува таму“, нагласи Тросел.
Тврдејќи дека не се во состојба да го потврдат тоа што се случува на границата, Тросел предупреди дека правилата за човековите права се целосно важечки и за мигрантите.
Во однос на изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека еден месец ќе ги суспендира барањата за азил на мигрантите, Тросел рече: „Според меѓународното право за бегалци, нема правна основа за суспензија на постапките за барање азил на мигрантите.“
Во изјавата на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) од 2 март се истакнува дека ниту Конвенцијата за бегалци од 1951 година ниту Законот за бегалци на ЕУ не обезбедуваат правна основа за суспендирање на постапките за барања за азил на мигрантите.
- Грција го крши меѓународното право -
Според меѓународното право и меѓународните договори за бегалците, секое лице кое не се чувствува безбедно и ја напушта својата земја поради војна и слични стравови, има право да бара засолниште во друга земја.
„Секој има право да бара азил и да го искористи правото на азил во други земји во случај на прогонство“, пишува во членот 14 од Универзалната декларација за човекови права.
Во „Заедничкиот европски систем за азил“, кој ја обликува имиграциската политика на ЕУ и на која сѐ уште се работи, се нагласува: „На лицата кои бегаат од нивната матична земја поради сериозни закани од прогон и кога им е потребна меѓународна заштита, треба да им се даде азил.“