Mehmet Yavaş,Burak Akay
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Ајвачик, во близина на турската област Чанаккале, фатени се 160 странски државјани кои на илегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинар на АА, екипите на турската жандармерија извршиле акција на локацијата Тузла, во близина на Ајвачик, и фатиле најмалку 40 лица, а се работи за мигранти со потекло од Сенегал, Мали, Сомалија, Пакистан, Сирија и Авганистан.
Во акција извршена во селото Бехрамкале, исто така во близина на Ајвачик, фатени се уште 120 мигранти од Сирија и Сомалија.
Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странци, а приведени се најмалку шест лица, за кои постои сомневање дека се организатори за илегален премин на мигрантите.