Faruk Zorlu
29 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
МУГЛА
Турската крајбрежна стража спаси 232 мигранти, кои побараа помош во Егејското Море, но беа вратени од Грчката крајбрежна стража во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на Турската крајбрежна стража по добиена дојава спасиле 87 мигранти во близина на областа Мугла на југозападниот дел на земјата.
Тие, исто така, спасија 41 лице во близина на Карабурун во областа Измир и уште 25 мигранти во близина на градот Чешме. На мигрантите, вклучително и деца и жени, им беше дадена храна, облека и обувки.
Покрај тоа, Турската крајбрежна стража спаси 79 мигранти кои се наоѓале во два гумени чамци крај брегот на Ајвачик во Чанаккале, во северозападна Турција.
Оваа група мигранти се обиделе илегално да преминат во Грција. Сепак, тие биле забележани од припадниците на Грчката крајбрежна стража и биле принудени да се вратат во турските територијални води.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за нелегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги исполнила своите ветувања според Договорот за мигранти од 2016 година.
Во моментов во Турција се згрижени речиси 4 милиони Сиријци, што ја прави земја домаќин на најголем број бегалци во светот.