Gözde Bayar,Burak Bir
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Вкупно 542 пациенти заразени со коронавирусот во Турција се тешко болни, а стапката на случаи на Ковид-19 кои развиваат пневмонија изнесува 9,4 отсто, соопшти денес турскиот министер за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на смртни случаи во земјата предизвикани од Ковид-19 се искачи на 5.659, со 14 починати во текот на изминатите 24 часа“, напиша Фахретин Коџа на Твитер.
Турција регистрира 996 излекувани лица во изминатите 24 часа, достигнувајќи вкупна бројка на досега излекувани од овој вирус од 212.557 лица.
Цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство, Коџа истакна дека во изминатото деноноќие со Ковид-19 дијагностицирани се уште 942 лица, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјата е 228.924.
Здравствените работници спроведоа вкупно 45.712 тестирања, со што вкупно досега во Турција спроведени се 4,71 милиони тестирања за Ковид-19.
Од денес, надлежните во Турција започнаа да го соопштуваат и бројот на тешко болните пациенти и стапката на пациенти со Ковид-19 кои развиле пневмонија, следејќи ги меѓународните стандарди.