Admir Fazlagic
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 188 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 10.503, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 5 лица од последиците на Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 476.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројка на оздравени пациенти се искачи на 5.931. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 99.615 тестирања на Ковид -19.