економија

Светскиот форум на бизнис-ангели в недела започнува во Истанбул

Северна Македонија на Конгресот ќе учествува со Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, како и неговата делегација.

Musab Turan  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
Светскиот форум на бизнис-ангели в недела започнува во Истанбул

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - „Светскиот форум на бизнис-ангели“ (WBAF), кој се смета како „Давос“ на пазарот на капиталот и раните глобални инвестиции, ќе се одржи меѓу 17 и 19 февруари 2019 година во турскиот град Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

WBAF, чиј Глобален комуникациски партнер е АА, ќе обедини стотици бизнис-ангели во Истанбул.

Овогодинешниот Конгрес, кој ќе се фокусира на тоа како може повеќе да се развие соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, ќе биде домаќин на 23 главни сесии и 110 меѓународни говорници.

На вториот ден од овој конгрес на кој ќе учествуваат главните актери на пазарот на капиталот, и стотици бизнис-ангели од вкупно 82 земји, за време на Сцената за изнаоѓање глобални фондови, бројни претприемачи ќе ги реализираат нивните презентации пред инвеститорите.

На овогодинешниот Форум со силни/моќни делегации ќе учествуваат Европската мрежа на бизнис-ангели (EBAN), Шпанскиот институт за надворешна трговија (ICEX), Министерството за развој на Гана, Мрежата на бизнис-ангели од Средниот Исток (MBAN), и Финансискиот форум IFC SME при Светската банка.

Хрватска ќе покаже најопсежно учество во Светскиот форум на бизнис-ангели, на кој се очекува Турција да биде претставена од страна на министерот за млади и спорт на Турција, д-р Мехмет Касапоглу.

Хрватска на овој форум ќе биде претставена од страна на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, која ќе се обрати на овој конгрес. Таа со мошне моќна делегација ќе учествува на WBAF 2019, со 30 членови меѓу кои и претставници од Министерството за економија на Хрватска и од Агенцијата за развој на оваа земја „Загорје“. Хрватска ќе биде една од најзначајните земји во овогодинешниот форум.

Од друга страна, Косово ќе биде претставено од страна на Собранието на Косово, Кадри Весели, кој има големо влијание во транзицијата на Косово во дигиталната економија. Во делегацијата на Весели се наоѓаат министерот за иновации на Косово, како и претставниците на надлежните единици за претприемништво.

Северна Македонија на Конгресот ќе учествува со Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, како и неговата делегација.

За време на овој форум се очекува да се потпише договор за соработка меѓу Владата на африканската земја Гана и WBAF.

Покрај сесиите, на Форумот ќе се одржат и шест работилници за инвеститори и претприемачи, предводени од истакнати имиња, како од претседателот на Инвестицискиот фонд на Монте Карло, претседателот на Француската мрежа на бизнис-ангели „Софија“, како и претседателот на Холдингот за маркетинг на Сингапур.

Во понеделник во вечерните часови ќе се организира прием за доделување на Светските награди за перфекционизам.

Минатата година, на оваа церемонија за доделување награди учествуваше македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.