економија

Трговскиот дефицит на Турција со ЕУ се намалува

Увозот на Турција од ЕУ од 84,8 милијарди евра во 2017 година, паднал на 77,2 милијарди евра во 2018 година.

Ata Ufuk Şeker  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
Трговскиот дефицит на Турција со ЕУ се намалува

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) – Трговскиот дефицит на Турција со Европската Унија (ЕУ), од 15 милијарди евра во 2017 година се намали на 1,2 милијарди евра во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Европскиот завод за статистика (Еуростат) ги објави податоците за меѓународната трговија на ЕУ и на еврозоната.

Според тие податоци, увозот на Турција од ЕУ од 84,8 милијарди евра во 2017 година, паднал на 77,2 милијарди евра во 2018 година.

Извозот од Турција во ЕУ, во 2017 година изнесувал 69,8 милијарди евра додека во 2018 година се зголемил на 76,1 милијарда евра. Според тоа, трговскиот дефицит на Турција со Европската Унија (ЕУ), од 15 милијарди евра во 2017 година се намали на 1,2 милијарди евра во 2018 година.

Вкупниот извоз на еврозоната во 2018 година се зголеми за 3,7 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2 трилиони 276,3 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 6,2 отсто на 2 трилиони 82,1 милијарди евра. На тој начин, еврозоната даде трговски суфицит од 194,2 милијарди евра во тој период.

Во истиот период, вкупниот извоз на ЕУ се зголеми за 4 отсто односно на 1 трилион 954,9 милијарди евра во споредба со истиот период, јануари - декември претходната година, а увозот се зголеми за 6,5 отсто на 1 трилион 977,5 милијарди евра. Во периодот јануари - декември, ЕУ даде трговски дефицит од 22,6 милијарди евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın