Oktaj Omeragikj
23 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа во земјата е спроведено тестирање на 1.284 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 429 биле позитивни на коронавирусот, а притоа 95 лица се реинфицирани. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 338.549, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период е регистриран еден смртен случај од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани четири починати лица. Досега поради коронавирусот во земјата животот го загубија 9.455 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 326.217.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.877.
Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие е спроведено тестирање на 1.284 примероци сомнителни на Ковид-19, а досега се спроведени вкупно 2.144.544 тестирања.