Ekip
23 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
ЛОНДОН (АА) - Рекордни 1.295 мигранти го преминаа англискиот канал Ла Манш, што ја дели Велика Британија од северна Франција, соопшти британското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на морнарицата и граничната патрола вчера пресретнале 27 мали чамци што доаѓале од Франција, а на секој од нив во просек имало по 50 мигранти, соопшти Министерството.
Вчерашната бројка беше далеку над претходниот рекорд од минатиот ноември, кога во еден ден преминале 1.185 мигранти.
Вкупно 6.273 мигранти го поминале каналот досега овој август, што е втора највисока месечна бројка по ноември 2021 година, кога 6.878 мигранти го поминале опасното патување.
Вкупната бројка за 2022 година моментално изнесува околу 22.500, што секако ќе биде двојно повеќе од бројката во 2021 година.
Претходно оваа година, британската Влада го откри својот контроверзен предлог за депортирање на мигрантите од каналот во Руанда за обработка на нивните барања за азил.
Планот е во мирување поради тековниот судски преглед, но Владата рече дека продолжува со подготовките за спроведување на политиката.