????? ??????????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Во Франција по синоќешниот терористички напад е прогласена вонредна состојба, а строга контрола е воведена и на границата. По наредба на Владата денес се затворени сите училишта, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 1.500 припадници на специјалните единици денес се распоредени на најпрометните улици во Париз, вклучувајќи ја и зградата на парламентот и верските објекти. По наредба на француската влада сите оние кои ќе ја преминат границата на таа земја ќе бидат подложени на строги контроли без разлика дали патуваат со копнен сообраќај, на море или со авион.
Помош на Франција по синоќешниот терористички напад, понуди Германија и со испраќање специјални антитерористички единици формирани по терористичкиот напад на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.
Рано изутрина, француската полиција соопшти дека сите напаѓачи, кои се вклучени во терористичките напади минатата ноќ во Париз се убиени. Мајкл Кадот, шеф на полицијата во Париз, соопшти дека полицијата е во потрага по можни партнери и поддржувачи на напаѓачите кои убија повеќе од 140 луѓе, а ранија оклу 200
По терористички напади, францускиот претседател Франсојс Оланд, ја откажа својата посета на Турција, каде што беше планирано да учествува на Самитот на лидерите на земјите од Г-20.
Претседателската палата информираше дека претседателот Оланд ќе биде претставен од министерот за надворешни работи Лорент Фабиус и министерот за финанси, Мишел Сапин.