?????
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да дозволи заканите да ја ослабнат земјата во нејзината одлучна борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (АА).
Оланд даде изјава денес, неколку часа по објавувањето на видеото на терористичката организација ДАЕШ, на кое се прикажува "обуката" на милитантите.
Францускиот претседател рече дека земјата најверојатно ќе остане и понатаму во вонредна состојба, која беше прогласена на 13-ти ноември, денот кога во серија терористички напади во Париз загинаа 130 лица.
Властите оттогаш ги започнаа граничните проверки, рации и притворања без судски налог.