Hajer M'tırı
24 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Според локални медиуми, француската полиција моментално анализира појас полн со експлозив најден во градот Монтрож, јужно од Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Направата е пронајдена вчера во попладневните часови во канта за ѓубре во резиденцијалната област.
Француски телевиски канал објави, цитирајќи извор близок на истрагата, дека појасот со експлозив бил сличен на оние користени во париските напади од 13-ти ноември.
Според одредени сознанија се претпоставува дека појасот му припаѓа на Салах Абдеселам. Податоците од следењето на телефонот на Абдеселам, го лоцирале во Чатилон, јужно од Париз, недалеку од Монтруж.
Една од причините за високото ниво на безбедност во Брисел е претпоставката дека осомничениот се наоѓа во Брисел.
Се уште нема официјална полициска потврда.