Hasan Esen, Ata Ufuk Şeker
23 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Уште пет лица се уапсени во Белгија поради париските напади, изјави обвинителот денес, достигнувајќи бројка од 21 уапсен од неделата вечер, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се изведени во текот на рацијата на пет адреси во Брисел и Лиеж.
Синоќа, уапсени се 16 осомничени лица меѓу кои не е Абдеселам, еден од париските напаѓачи, по кој се трага од неговото бегство во Белгија веднаш по париските напади.
Брисел е „заклучен“ веќе трет ден со затворени училишта, универзитети и метро. Тешко вооружени полицајци и војници патролираат по улиците.